Гвардиола задоволен од играта на Манчестер сити и покрај елиминацијата од Вест Хем во Лига купот


Братот на Гвардиола откри каков сон има тој во својата професија - МИА

 Тренерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола даде свое видување за поразот од Вест Хем (0:0, 3:5 – на пенали) во 1/8-финалето на англискиот Лига куп.


 

– Покажавме добра игра, создадовме многу шанси на натпреварот со тим кој е навикнат да брани многу длабоко. Вест Хем се покажа посилен во пенал рулетот, честитки за пласманот во четвртфиналето. Ќе се вратиме следната година. За жал, Фоден не го реализира својот пенал, но ова е искуство, што значи дека следниот пат ќе биде поуспешен, го цитира Гвардиола „The National“.

Манчестер сити беше актуелен победник на англискиот Лига куп, а „граѓаните“ го освоија турнирот четири сезони по ред.