Гвардиола: Тухел е исклучителен тренер. Сигурен сум дека тој ќе успее со Челзи


Братот на Гвардиола откри каков сон има тој во својата професија - МИА

– Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер сити, го прокоментира назначувањето на Томас Тухел за предводник на Челзи.



-Да, јас го поздравувам. Тој е исклучителен тренер и уверен сум дека ќе биде успешен во Челзи. Драго ми е што го гледам во оваа земја. Кога бев во Баерн, играв против неговиот Мајнц, а потоа и против неговата Борусија. Таму тој заврши неверојатна работа. Тогаш Дортмунд покажа само извонредна игра. Баерн вложи многу енергија во борбата за освојување на шампионската титула таа година. Тухел е мој пријател и мило ми е што го гледам овде, изјави Гвардиола.

Томас Тухел вчера беше назначен за тренер на Челзи. Тој на функцијата доаѓа на местото на Френк Лампард.