Гвардиола со порака до ФА: Укинете го Лига купот


 Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола со барање до Фудбалската асоцијација на Англија за унинување на Лига купот.– Укинете го ова натпреварување. Ќе има помалку натпревари, помалку натпреварувања, помалку клубови, помалку квантитет, но повеќе квалитет. Луѓето може да живеат и без фудбал, ова е премногу, рече Гвардиола.

Тој упати забелешки и за распоредот на натпревари за време на зимскиот период.
– Сезоната ја почнуваме со еден меч неделно во летниот период, за подоцна да имаме по два-три меча во една седмица. Тоа темпо трае предолго што фудбалерите не може да го издржат. Најдобро би било да не се игра Лига купот. Такво нешто би било од корист за играчите, додаде Гвардиола.
Сити е на чекор до освојување на титулата во Лига купот по третпат во низа, по победата над Манчестер јунајтед со 3:1 во првиот полуфинален дуел. Реваншот е на 29 јануари, а победникот во финалето ќе игра со подобриот од двомечот меѓу Астон Вила и Лестер.


Пет починати од коронавирус и 29 нови случаи - МИА
Вести

Пет починати од коронавирус и 29 нови случаи

Скопје, 7 април 2020 () – На Инфективната клиника починаа четворица пациенти заболени од коронавирус: 52-годишен од Куманово, 65-годишна пациентка од Лабуништа-Струга, жена на 62 години  од тетовско Челопек и една 81-годишна од Штип. Во […]

Угостителите нема да ги користат мерките на Владата, отпуштени голем дел од вработените - МИА
Бизнис

Угостителите нема да ги користат мерките на Владата, отпуштени голем дел од вработените

Скопје, 7 април 2020 ()  – Туристичко угостителската комора на Македонија денеска објави дека илјадници угостителски објекти кои тие ги застапуваат нема да ги користат мерките на Владата бидејќи, како што посочија оттаму, се недоволни […]

Кафематите и апаратите за вода потенцијална зараза, кафеаните во рураните средини не ги почитуваат препораките - МИА
Вести

Кафематите и апаратите за вода потенцијална зараза, кафеаните во рураните средини не ги почитуваат препораките

Скопје, 7 април 2020 () – Затворени се 48 угостителски објекти, забранети се за употреба 215 кафемати, а кај 15 месарици и маркети е констатирана општа лоша хигиенска состојба, во тек на 3.908 надзори што […]