Гризман до Меси: Ти беше пример за мене во секоја смисла


Гризман: Сите се надеваме дека Меси ќе остане - МИА

 Фудбалерот на Барселона, Антоан Гризман му се заблагодари на Лионел Меси за поддршката која ја добивал во каталонскиот клуб.

 

 

– Единствено што можам да ти кажам е тоа што секој љубител на фудбалот може да ти го каже – Благодарам! Благодарам за се што направи во Барселона! За градот, за клубот. Ти смени сé! Сигурен сум дека ова не е збогум, и дека ќе имаме можност да се видиме подоцна. Дека твоите патишта со Барселона повторно ќе се вкрстат. Ти посакувам сé најдобро, да бидеш среќен ти и твоето семејство. Многу малку луѓе знаат што значи да се биде Меси, а ти беше пример за мене во секоја смисла, напиша Гризман на Инстаграм.

Меси одлучи да ја напушти Барселона и кариерата да ја продолжи во ПСЖ.