Гонсалвеш прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите


Фудбалерот од средниот ред на Спортинг Лисабон, Педро Гонсалвеш е прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите, објави веб-страницата на УЕФА.


 

Дваесет и тригодишниот фудбалер вчеравечер постигна два гола против Борусија Дортмунд во триумфот со 3:1. По оваа победа Спортинг за прв пат по 2008 година избори пласман во плејофот во Лигата на шампионите.

За наградата конкурираа уште и: Един Џеко од Интер, Емил Форсберг од Лајпциг и Себастијан Але од Ајакс.