Гол во англискиот Чемпионшип посветен на Ѓорѓе Балашевиќ


– Хрватскиот фудбалски репрезентативец Ален Халиловиќ го посвети победничкиот гол на Бирмингем викендов во англиската Чемпионшип лига на неодамна починатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ,


 

Халиловиќ влезе во игра во второто полувреме и во 85. минута беше стрелец на вториот гол во триумфот на неговата екипа над Квинс Парк Ренџерс од 2:1, во рамки на 33. коло во второто по ранг англиско клупско натпреварување

Прославувајќи го голот, поранешниот фудбалер на Динамо Загреб, Барселона, Хамбургер и Милан, го соблече дресот под кој носеше маичка со ликот на Балашевиќ.

Британските медиуми брзо открија на кого се однесува посветата на хрватскиот фудбалер, напоменувајќи дека смртта на Балашевиќ ги обединила сите земји од поранешна Југославија.

Српскиот кантавтор Балашевиќ почина на 19 февруари од коронавирус на 67-годишна возраст.