Германија загуби во квалификациите за СП за прв пат од 2001 година. Прекината серија на победи на 18 натпревари


 Германската селекција вечерва загуби со 2:1 на домашен терен од македонската фудбалска репрезентација во 3. коло од квалификациите за СП 2022.


 

Овој пораз е прв за Германците на квалификациските турнири на светските шампионати од 2001 година.

Вкупно, ова е само трет пораз на Германија во Мундијалските квалификации: во 2001 година, тимот загуби од Англија (1:5), а во 1985 година – од Португалија (0:1).

Прекината е рекордната серија победи на „панцерите“ од 18 натпревари во квалификациите за СП, додека серијата без пораз беше 35 натпревари (30 победи, 5 нерешени средби).