Французинот Канте потпиша за саудиски Ал Итихад

kante
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот фудбалски репрезентативец Н’Голо Канте потпиша тригодишен договор со саудискиот прволигаш Ал Итихад.

„Не слушајте лажни вести. Канте сега е играч на Ал Итихад“, објави денеска на својот Твитер профил клубот од Џеда со фотографија на францускиот фудбалер со црно – жолт дрес, а потоа и видеоснимка на која Карим Бензема му посакува добредојде на својот репрезентативен колега.


„Среќен сум што повторно ќе играм со тебе и тоа во најдобриот клуб во Саудиска Арабија“, порача Бензема, кој неодамна, исто така, потпиша тригодишен договор.

Канте се сели во Саудиска Арабија од Челзи каде дојде во 2016 година од Лестер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK