ФК „Шкупи“ ќе донира 10.000 евра за семејства во Драч


Фудбалскиот клуб „Шкупи“ ја информираше јавноста дека направиле хуман гест со тоа што ќе донираат 10.000 евра за семејствата кои се загрозени од  земјотресот во албанскиот град Драч.


 

На состанок на раководството на клубот од скопски Чаир било одлучено да се донираат 10 илјади евра за помош во градот погоден од природната катастрофа со човечки жртви и повредени. Ќе се донираат и парите од продадени билети.

Иницијативата за ваков потег била заедничка меѓу клубот „Шкупи“, Општина Чаир и навивачката група „Шверцери“.