Фати се најде во составот на Барселона за прв пат 10 месеци по тешката повреда на коленото


Барселона тужи новинар за расистички навреди кон Фати - МИА

Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати е вклучен во составот на тимот за натпреварот од 7. коло на шпанското првенство против Леванте, соопшти прес-службата на каталонскиот тим.  Осумнаесет годишниот Шпанец се приклучи на Барселона за прв пат од 7 ноември 2020 година. Пред десет месеци на натпреварот против Бетис (5:2), фудбалерот се здоби со тешка повреда на коленото, поради што беше надвор од терените.  Натпреварот Барселона – Леванте ќе се одигра утре (26 септември), со почеток во 16:15 часот.  По пет одиграни средби во тековната сеозна, Барселона има две победи и три нерешени средби.