Емерсон ново засилување во редовите на Барселона


Бразилскиот фудбалер Емерсон е третото засилување на Барселона за следната сезона, соопшти денеска каталонскиот клуб.


 

Емерсон во 2019 година потпиша договор со Барселона, по што беше испратен на двегодишна позајмица во шпанскиот прволигаш Бетис.

Барселона сега го откупи неговиот договор за девет милиони евра и потпиша тригодишен договор со Бразилецот.

Претходно деновиве, Барселона се засили со Серхио Агуеро и Ерик Гарсија, кои дојдоа без обесштетување, откако им истекоа договорите со англискиот прволигаш Манчестер сити.

Главната цел на Барселона во летниот преоден рок е да потпише продолжување на соработката со капитенот Лионел Меси.