Еланга од Манчестер јунајтед во Нотингем Форест

elanga
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Досегашниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Ентони Еланга, денеска потпиша петгодишен договор со премиерлигашот Нотингем Форест.

Како што објави Би-Би-Си, вредноста на трансферот изнесува 15 милиони фунти.


Еланга кариерата ја почна во клубот од „Олд Трафорд“ за кој дебитираше во сениорскиот тим во 2021 година, а за Јунајтед одигра 55 натпревари и постигна четири голови.

Еланга имаше договор со Јунајтед до лето 2026 година.

„Ова е голем чекор за мене и навистина ми е мило што ќе играм пред навивачите на Форест на „Сити Граунд“, изјави 21-годишниот шведски фудбалер.

Еланга е прво засилување во редовите на Нотингем Форест во летниот преоден рок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK