Двајца заразени со коронавирус во Милан


– Актуелниот лидер во италијанскиот шампионат Милан обелодени попладнево два позитивни случаи на коронавирус во своите редови.



– Хакан Чалханоглу и Тео Хернандез се позитивни на вчерашното тестирање на Ковид-19. Резултатите од тестирањата на остатокот од екипата се негативни, соопшти Милан.

Во клупското соопштение се додава дека двајцата стандардни првотимци немаат симптоми на болеста и веќе се во задолжителна самоизолација.

Милан е првопласиран во Серија А со три бодови предност пред градскиот ривал Интер во пресрет на утрешното гостување кај Каљари.