Депај не е во плановите на Чави


 На тренерот на Барселона, Чави не му се потребни услугите на Мемфис Депај.

 

 

Според шпански „As“, клубот од „Камп ноу“ ги известил агентите на 28-годишниот Холанѓанец дека играчот не е вклучен во понатамошните планови на специјалистот.

Блауграна е подготвена да го продаде напаѓачот чиј договор истекува следното лето за околу 25 милиони евра.

Во неговата единствена сезона во Ла Лига досега, Депај постигна 12 гола на 28 натпревари.