Де Бруин ќе учи за тренер


Кевин де Бруин има само 28 години, но веќе се подготвува за тренерска кариера. Играчот од средниот ред на Манчестер Сити се запишал на тренерски курс, кој се организира следната пролет од Кралскиот белгиски фудбалски сојуз.



– Сакам да го полагам овој курс затоа што тогаш ќе биде можно да добијам диплома А и Б. Дефинитивно сум амбициозен да го сторам тоа затоа што можам да добијам две лиценци во најкус можен рок. Не размислувам за тренерство сега затоа што сум уште млад, но ако сакам да останам во светот на фудбалот и по мојата кариера како играч, морам да го исполнам барем овој минимум, објасни Де Бруин.

Белгискиот репрезентативец има договор со Манчестер Сити до 2023 година. Од почетокот на сезоната, тој има одиграно 16 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи 6 гола и 10 асистенции.


Вести

Регистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица

Денеска се регистрирани 1.093 нови случаи на Ковид 19. Оздравеле 819 пациенти, а починаа 28 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3084 тестирања, а регистрирани се 1093 нови случаи на […]

ДКСК: Државните активности да се не мешаат со партиските во изборниот период - МИА
Вести

ДКСК: Поголем дел од претседателите на основните судови не поднеле анкетни листови

– Антикорупциската комисија на денешната седница разгледа 18 предмети за претседатели на основи судови и по извршената проверка за следење на имотната состојба и судир на интереси согласно годишната програма за работа,  утврди дека голем […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 42 пациенти, вкупно се лекуваат 463

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализрани се 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]