Италијанскиот фудбалски прволигаш Лече објави дека го назначил 47-годишниот стратег Роберто Д’Аверса за нов тренер, потпишувајќи со него едногодишен договор, со опција за продолжување на соработката.
Лече неодамна се раздели со својот досегашен тренер Марко Барони, кој го воведе клубот во Серија А, а изминатата сезона ја исполни главната цел и избори опстанок во прволигашката конкуренција.
Д’Аверса од 2016 до 2021 беше тренер на Парма, а последен ангажман имаше на клупата на Сампдорија.
Италијанските медиуми јавија дека неговиот претходник на тренерското место во Лече, 59-годишниот Барони, е на чекор да ја преземе Верона.