Чешмеџиев потпиша за Шкупи


Одбранбениот фудбалер Константин Чешмеџиев официјално е нов играч на Шкупи. Прволигашот од Чаир, го обезбеди потписот на поранешниот капитен на македонската репрезентација до 21 година, со кого се очекува да се зголеми конкуренцијата во одбраната.


 

Дваесет и петгодишниот фудбалер доаѓа од редовите на босанскиот тим Вележ од Мостар, каде минатата сезона забележа 16 настапи.

Станува збор за фудбалер од академијата Работнички, додека играше и за Пелистер, Македонија ЃП и Шкендија во локалното првенство.

– Луѓето во клубот ме контактираа додека бев фудбалер на Вележ, тоа беше пред околу еден месец. Тие ми ги раскажаа плановите и идеите на клубот, а јас знаев дека тоа е сериозен проект. Одлучувачки фактор да се дојде овде беше излегувањето на европската арена, како и фактот дека тренер е Гоце Седлоски кој ќе ми биде чест да учам од тренер како него, истакна Чешмеџиев.

Фудбалерот веќе се приклучи на тимот на подготовките во Охрид.