Челзи го продаде Хаверц на Арсенал, а Менди на Ал Хилал

haverc
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот 24-годишен репрезентативен напаѓач Каи Хаверц, кој од 2020 година настапуваше за лондонски Челзи, потпиша долгорочен договор со градскиот ривал Арсенал, соопшти синоќа англискиот вицешампион.

Арсенал не објави поединости околу временската рамка и финансиските детали од договорот, но британските медиуми наведуваат дека трансферот е во вредност од 65 милиони фунти, како и дополнителни пет милиони фунти во бонуси.


Челзи вчера остана и без сенегалскиот голман Едуардо Менди, кој кариерата ќе ја продолжи во Ал Хилал од Саудиска Арабија.

И Менди, како и Хаверц, дојде на Стемфорд Бриџ во 2020 година и беше една од клучните фигури на патот до титулата во Лигата на шампиони во 2021 година.

Според британските медиуми, саудискиот клуб за трансферот на Менди платил 16 милиони фунти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK