Чеферин: Англиските клубови направија грешка, но се вратија и сега продолжуваме заедно


 Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин, реагираше на одлуката на англиските клубови да се повлечат од Суперлигата во интервју за Би-би-си.


 

– Реков за време на Конгресот на УЕФА дека е во ред да се прават грешки, а англиските клубови го сторија тоа. Но, сега тие се вратија, и можат да дадат многу не само на европските купови, туку и на целиот европски фудбал. Она што е важно сега е да продолжиме заедно, рече Чеферин.

На 19 април беше објавено формирањето на Суперлигата со екипите на Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико, Милан, Интер и Јувентус.

По откажувањето на англиските екипи, денес управата на Суперлигата одлучи да го прекине проектот.