Борусија Дортмунд најде замена за Халанд


Борусија Дортмунд, според пишувањето на британскиот и германскиот печат, најде замена за својот напаѓач Ерлинг Халанд, кој ова лето би можел да го напушти бундеслигашот.


 

Римскиот весник „Ла Газета дело Спорт“ наведува дека 21-годишниот Халанд би можел да го замени 23-годишниот напаѓач на италијанскиот прволигаш Сасуоло, Џанлука Скамака.

Борусија Дортмунд наводно понудила 45 милиони евра за да го обезбеди потписот на напаѓачот на калчолигашот.

Скамака, според информациите, би останал во Сасуоло до лето, кога Норвежанецот Халанд се очекува да замине од редовите на Борусија, а за неговите услуги интерес покажуваат ПСЖ, Барселона и Реал Мадрид.