Бобан: Пиоли беше првиот избор на Милан


Легендата и директорот на Милан, Звонимир Бобан го искажа своето гледиште за назначувањето на Стефано Пиоли за тимски ментор. Според 51-годишниот Хрват, „росонерите“ сега можат да се потпрат на „одличен тренер“.

Бобан и другиот директор во клубот, Паоло Малдини, станаа жртва на сериозна критика од навивачите кои во голема мерка се против Пиоли.
– Не е пријатно да се биде тука за да се најавува промена на тренерот, бидејќи тоа е загуба за сите нас, како и на лично ниво. Како и да е, мора да одиме напред со избор кој сметаме дека е правилниот за Милан. Исто како што направивме во текот на летото. Сакам да му посакам успех на Стефано Пиоли, одличен тренер кој пристигнува во тежок момент. Не треба да отстапиме од курсот, барем не додека не сфатиме дека веќе не работиме во корист на клубот, изјави Бобан на денешниот прес.

Сепак, фудбалскиот директор е убеден дека Пиоли бил вистинскиот избор, отфрлајќи ги гласините дека тој всушност претставувал резервен план.

– Денес нема да зборувам за Лусијано Спалети, кој исто така е многу добар тренер. Наш избор беше Стефано Пиоли. Нормално беше многу слободни ментори да се најдат на нашата листа, но се фокусиравме на Пиоли, кој го познава нашиот клуб и италијанскиот фудбал. Ние не сме најдобриот клуб во светот, но не сме и таков, како што се покажавме досега, додаде Бобан.


Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба - МИА
Вести

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај […]

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово   - МИА
Вести

Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на […]