Биелса седнува на клупата на Уругвај

bielsa
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Аргентинецот Марсело Биелса ќе биде нов селектор на фудбалска репрезентација на Уругвај која ќе ја предводи најмалку до Светското првенство 2026.

„Постигнавме договор, разликите во формулациите се испеглани и останува уште потпишување на договорот“, изјави денеска членот на Извршниот одбор на Фудбалската федерација на Уругвај, Хорхе Касалес.


Биелса на клупата на двократниот светски првак (1930, 1950) доаѓа на местото на Уругваецот Диего Алонсо, кој ја напушти должноста по елиминацијата во групната фаза на Мундијалот 2022 во Катар.

Уругвај ќе биде трета репрезентација која во кариерата ќе ја предводи 67-годишниот „El Loco“ (лудак), како што гласи прекарот на Биелса. Од 1998 до 2004 седеше на клупата на Аргентина, а од 2007 до 2011 на клупата на Чиле.

Својот последен тренерски ангажман Биелса го имаше во Лидс од 2018 до февруари 2022 година, а во својата кариера водеше многу клубови, меѓу кои Невил Олд Бојс, Велез Сарсфилд, Атлас, Америка, Еспањол, Атлетик Билбао, Олимпик Марсеј, Лацио и Лил.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK