Бензема постави рекорд во 21 век



 Реал Мадрид синоќа ја совлада Мајорка (6:1) во 6. коло од шпанското првенство, а напаѓачот на „кралевите“ Карим Бензема постави рекорд. Французинот постигна два гола па сега има вкупно осум погодоци оваа сезона во Ла Лига. Ако се додадат седумте асистенции, 33-годишниот фудбалер има учество во 15 ефективни напади за својот тим.


 

Никој досега во 21 век нема таква статистика по првите шест натпревари во сезоната.

Бензема игра за Реал Мадрид од 2009 година. За ова време, тој одигра 565 натпревари на сите турнири со клубот и постигна 285 голови, достигнувајќи ја границата од 200 погодоци во шпанското првенство.