Баварија ја укина забраната за гледачи на стадионите


Баварската Влада денеска донесе одлука за укинување на забраната за присуство на гледачи на големите спортски натпреварувања, што значи дека минхенски Баерн и другите професионални фудбалски клубови во оваа јужна германска сојузна држава повторно ќе играат пред публика.


 

Почнувајќи од четврток, капацитетот на стадионите може да биде исполнет до 25 отсто, или до максимум 10.000 гледачи, објавија властите. Предуслов за тоа е гледачите да се вакцинирани против коронавирусот и да поседуваат негативен тет на Ковид – 19.

Во другите германски сојузни покраини е дозволено присуство до 15.000 гледачи на фудбалските стадиони.

Забраната за гледачи на стадионите во Баварија беше воведена на почетокот на декември поради четвртиот бран на пандемијата на коронавирус.