Аргентинците се опростуваат од Марадона


– Во Аргентина е прогласена тридневна жалост поради смртта на фудбалерот Диего Армандо Марадона, а илјадници навивачи, почитувачи и граѓани се опростуваат од својот идол.



Се очекува Марадона да биде испратен од еден милион луѓе.

Марадона вчера почина на 60 годишна возраст од акутна, конгестивна и хронична срцева инсуфициенца.

По објавувањето на веста за смртта на Марадона жителите на Аргентина ги напуштија домовите и почнаа да се собираат да му оддадат почит, бидејќи за Аргентинците, тој не беше најдобриот фудбалер, туку и икона, политичар и омилен „палавко“.

На  синиќешното бдеење присуствуваа членовите на семејството, пријателите, соиграчите и неговите почитувачи. Ковчегот со телото на Марадона на кратко беше изложен во претседателската палата, Розовата куќа во центарот на Буенос Аирес. Според снимките од Еуроњуз, илјадници луѓе со маски на лицето пристигнаа да го испратат омилениот син на Аргентина.

Дел од медиумите објавија снимки на судир помеѓу граѓаните и полицијата на улиците на Буенос Аирес, обидувајќи се да ја урнат безбедносната ограда.

Сочувство поради смртта на Марадона пристигнуваат од целиот свет, а ВАтикан соопшти дека папата Франциск, кој е Аргентинец и фудбалски навивач, ќе го спомне Марадона во своите молитви.