Ангеловски: Во второто полувреме ја видовме вистинската Македонија


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски ги кажа своите впечатоци по денешниот пораз (1:2) од Украина.


 

– Одигравме меч со две различни полувремиња. Сакавме да влеземе претпазливо, а во второ да бидеме поофанзивни. Во второто полувреме ја видовме вистинската Македонија. Покажавме дека имаме квалитет и дека заслужено сме на Европско првенство. Жалиме поради тоа што не им возвративме на нашите навивачи со позитивен резултат. Аплаузите на нашите навивачи на крајот на натпреварот покажуваат дека

Ни престои натпревар со Холандија која е апсолутен фаворит. Сепак, се надевам дека на тој меч ќе успееме да стигнеме до првите бодови на едно Европско првенство, рече Ангеловски на денешната прес-конференција.

По две кола „црвено-жолтите“ се без бод и само со теоретски шанси за пласман во следната фаза.