Tренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е задоволен од изданието на неговиот тим на пријателскиот натпревар со Милан.
Мадриѓаните ноќеска го победија Милан со 3:2 играјќи со нова формација 4-3-1-2, која специјалистот ја избра по заминувањето на Карим Бензема и доаѓањето на Џуд Белингем.
– Ми се допаѓа. Се разбира, има работи што треба малку да се дотераат – понекогаш погрешно притискавме. Но, генерално, моите впечатоци се позитивни. Се обидовме да играме низ центарот, а не по крилните позиции, изјави Анчелоти за „Марка“.
Во следниот натпревар од турнејата во САД, Реал Мадрид ќе игра со Манчестер јунајтед на 27 јули, Милан ќе се сретне со Јувентус на 28 јули.