Алегри: Наша цел е враќање во Лигата на шампионите

alegri
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри зборуваше за целите на „Старата дама“ во новата сезона.

– Треба да се стремиме да се вратиме во Лигата на шампионите – тоа е нашата цел. Играњето во најелитното фудбалско натпреварување е многу важно за нас и за приходите на клубот. Имаме многу млади играчи кои се покажаа добро минатата сезона, но можеме да очекуваме тие да направат уште еден чекор. Сега треба да останеме фокусирани за најдобар почеток во Серија А, изјави Алегри за „La Gazzetta dello Sport“.


Во мај оваа година на Јувентус му беа одземени 10 бода во италијанското првенство. Тимот заврши на седмото место во поредокот на крајот од сезоната.

Јувентус прв пат по 12 години нема да игра во Лигата на шампионите на УЕФА.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK