Алегри ја отфрли првата понуда на Ал-Хилал

alegri
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Саудискиот Ал Хилал е во преговори со тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Според „La Gazzetta dello Sport“, во Монте Карло, каде тренерот ги поминува своите одмори, се одржала средба меѓу Алегри и претставници на Ал-Хилал. Италијанскиот стручњак одбил понуда со плата поголема од 20 милиони евра годишно, но Саудијците веќе подготвуваат подобрена верзија со бонус за потпис од 10 милиони.


Алегри претходно изјави дека не е во преговори за раскин на договорот со Јувентус.

Клубот ја заврши сезоната на 7. место во Серија А со 62 бода, но со одземени 10 бода поради финансиска измама.

Јувентус следната сезона ќе играат во Конференциската лига.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK