Академија Пандев македонски претставник на „Купот на пријателство“ на Златибор


Српскиот туристички центар Златибор од утре до 6 јуни ќе биде домаќин на третото издание на традиционалниот меѓународен турнир за фудбалери до 19 години „Куп на пријателство“ на кој со својата младинска екипа ќе настапи и македонскиот прволигаш Академија Пандев.


 

На овогодишното издание ќе настапат вкупно 12 екипи од просторите на поранешна Југославија а Академија Пандев е во групата А заедно со Партизан и Сараево.

Екипите ќе бидат поделени во четири групи, а пласман во нокаут фазата ќе обезбедат двете првопласирани од секоја група.

„Купот на пријателство“ лани не се одржа поради пандемијата на коронавирус.