– Одредени се сите четвртфинални парови на Светското првенство во хокеј на мраз што се игра во Летонија и во Финска.
За пласман во полуфиналето ќе се борат:
САД (1. место А-група) – Чешка (4Б)
Швајцарија (1Б) – Германија (4А)
Шведска (2А) – Летонија (3Б)
Канада (2Б) – Финска (3А)
Натпреварите од 1/4 финалето на распоредот се утре. Полуфиналето ќе се игра на 27 мај. Финалето и натпреварот за третото место ќе се одржат на 28 мај.