Флик сигурен дека Баерн има доволно сили да игра три пати неделно


Флик за продолжување на сезоната: Целиот свет ја гледа Германија, ќе дадеме пример - МИА

Минхен, 5 јуни 2020 () – Тренерот на Баерн, Ханс-Дитер Флик ги сподели очекувањата за мечот со Баер Леверкузен во 30. коло од Германското фудбалско првенство.

– Тимот е многу фокусиран. На денешниот последен тренинг пред мечот, сите работеа многу добро. Ние сме пред петтиот натпревар по продолжението на Бундеслигата, во кој сакаме да успееме. Не може да има изговори. Имаме доволно сили да играме три натпревари неделно, изјави Флик.

Активни сме, сакаме нашата игра да има одредена динамика – како со топката, така и без неа. Кога ќе ја добиеме топката, првата мисла е од напаѓачка природа. Ние се однесуваме како еден тим, вели Флик во изјавата за клупската веб-страница.

Натпреварот Баер – Баерн ќе се игра утре во Леверкузен со почеток во 15:30 часот.


Различни ветувања од партиите, во фокусот младите и економијата - МИА
Вести

Различни ветувања од партиите, во фокусот младите и економијата

Скопје, 6 јули 2020 () – Правда за сите, администрација по европски стандарди, сигурност, просперитет, борба против корупцијата и криминалот, обнова на правосудството, подобар живот за младите, реформи во образованието, ова синоќа им го ветија […]

Бројот на починати од коронавирус во САД надмина 50.000 - МИА
Вести

Во континуитет висок број на починати од Ковид-19, досега 341 смртен случај

Скопје, 6 јули 2020 () – Седум починати од Ковид-19 се регистрирани вчера, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 341. Пет од нив се од Скопје, еден од Тетово […]

Потврдени 103 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 13 пациенти - МИА
Вести

Регистрирани 115 нови случаи на КОВИД-19 и седум починати

Скопје, 5 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети […]