Робен: Имам силна желба да се вратам на теренот


– Еден од најдобрите холандски фудбалери на сите времиња Ариен Робен потврди дека ќе остане надвор од теренот до крајот на календарската година, но изрази надеж дека ќе му се врати на фудбалот во 2021.


 

Робен минатото лето му се врати на професионалниот фудбал по едногодишна пауза, облекувајќи го дресот на својот матичен клуб Гронинген.

Триесет и шест годишниот поранешен холандски репрезентативец, сепак, одигра вкупно 44 минути на два натпревара, по што поради проблеми со мускулниот тонус замина на рехабилитација.

– Нештата не одат како што посакувам. Работев напорно изминатите месеци, но за жал, без посакуваниот ефект. До крајот на годинава продолжувам со рехабилитација. Имам силна желба да им се вратам на соиграчите на теренот и се надевам дека ќе можам да играм во текот на 2021. Дали тоа ќе се случи во овој момент не знам, ќе покажат следните неколку недели, изјави Робен.