ФИФА поднесе кривична пријава против поранешниот претседател Блатер



 

Светската фудбалска федерација (ФИФА) поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на оваа организација, Сеп Блатер, поради финансиски малверзации, поврзани со отворањето на Музејот на ФИФА во Цирих.

Како што се наведува во соопштението, ФИФА, се сомнева во криминално управување од страна на поранешното раководство и компаниите кои работеле на изградбата на музејот, кој е отворен во реновирана, изнајмена зграда во центарот на Цирих.

Музејот е отворен во 2016 година, а за реновирањето биле потрошени 140 милиони долари. Исто така, ФИФА, пред отварањето, потпишала договор со сопствениците дека за кирија до 2045 година ќе плати 360 милиони долари.

ФИФА соопшти дека пријавата организацијата ја доставила до државното обвинителство во Цирих.

Адвокатите на Блатер ги негираат обвинувањата.