ФИФА го суспендираше претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес. Тој е лишен од можноста да се занимава со сите работи поврзани со фудбалот на национално и меѓународно ниво.
Засега санкцијата е во траење од 90 дена, додека против него е во тек дисциплинската постапка започната на 24 август.
ФИФА додаде дека на Рубиалес му е забрането, лично или преку други лица, да контактира со фудбалерката Џенифер Хермосо или со луѓето од нејзиното блиско опкружување. На сите вработени во Шпанската фудбалска федерација исто така им е забрането да стапат во контакт со Хермосо.
Пандорината кутија се отвори минатата недела кога Рубиалес си дозволи да ja бакне во усните фудбалерката Хермосо.
Кон него беа упатени критики кои на крајот прераснаа во повици за негова оставка. Сепак, претседателот одби да замине сам, што го натера целиот женски шампион на Шпанија да не игра додека тој и селекторот Хорхе Вилда сѐ уште се на функцијата.
Одделно, Обинителството на Шпанија означи дека предметниот бакнеж е манифестација на сексуална агресија.