Фетел објасни зошто го напушта Ферари


Фетел навести за нов договор со Ферари - МИА

Шпилберг, 2 јули 2020 () – Себастијан Фетел, кој ќе ја започне својата последна сезона зад воланот на Ферари во Шпилберг, Австрија утре, изјави дека не му бил понуден нов договор, што фрла ново светло на разделбата на четирикратниот светски шампион со славниот италијански тим.

Имено, кога кон средината на мај двете страни објавија дека ова ќе биде последната сезона на Фетел во црвениот автомобил, во кој тој прв пат седна во 2015 година, тие изјавија дека станува збор за консензуална одлука. Но, од изјавите на Фетел пред почетокот на новата сезона, може да се заклучи дека Ферари сакал да се ослободи од него.

Германскиот возач, кој ќе го прослави својот 33 роденден утре, изјави дека бил изненаден од повикот на Матија Бинот во кој лидерот на тимот на Ферари му рекол дека немаат намера да продолжат да работат со него следната сезона.

– Никогаш не ни започнавме преговори затоа што понуда никогаш немаше на маса, па немавме за што да разговараме, рече Фетел, чие заминување од Ферари ги изненади сите во светот на Формула 1, а разни извори рекоа дека двете страни не би можеле да се договорат за висината на приходот на четирикратниот светски шампион и периодот за кој треба да потпише нов договор.

Фетел се уште нема објавено одлука дали ќе остане во Формула 1 по оваа сезона, чиј почеток доцни четири месеци поради пандемијата на коронавирус.

 


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 113 случаи со Ковид-19, шест починати, 259 оздравени пациенти

Скопје, 6 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир […]

Многу опции за парламентарно мнозинство и нова влада, пролонгирањето неповолно за ЕУ-интеграцијата - МИА
Вести

Течат разговорите за формирање нова влада, засега ништо официјално

Скопје, 6 август 2020 () – Разговорите за формирање нова влада меѓу партиите течат, но засега се уште никој официјално не се изјасни дали постигнал договор. И претседателот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на […]

Во Србија седум лица починаа, а регистрирани се 296 новозаболени од Ковид-19 - МИА
Вести

Во земјава 3557 активни случаи со Ковид-19, во светот на секои 15 секунди по еден човек умира од коронавирусот

Скопје, 6 август 2020 () – Во моментов во земјава се активни 3557 случаи на заразени со Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 11289 случаи на заболени лица, се излекуваа 7221 лица, а […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*