Фетел: Не жалам за своето време во Ферари, иако понекогаш не ја добив потребната поддршка



Фетел: Јас веќе јасно кажав дека сакам да останам во Ферари - МИА

Берлин, 4 август 2020 () – Возачот на Ферари, Себастијан Фетел рече дека не му е криво за времето поминато во цревниот болид. Германецот дојде во Ферари во 2015 година, а по крајот на сезоната 2020 ќе го напушти тимот.

– Не жалам за моето време во Ферари. Мислам дека во некои моменти можеби не ја добив поддршката што ја побарав, но во целина секогаш имаше луѓе околу мене кои беа подготвени да помогнат и на патеката и во базата, изјави Фетел за „Билд“.

Оваа година, за жал, се спуштивме до екипите од средишниот дел во поредокот. Се бориме со Мекларен и Рено, но во секој случај се чувствувам конкурентно. Сакам да направам вистински избор. Можеби за две недели или подоцна ќе ви кажам за мојата одлука. Јас не брзам, додаде германскиот пилот во Формула 1.

Фетел по првите четири трки во тековната сезона е без ниту еден подиум и далеку зад најдобрите.


Нови 37 случаи со Ковид-19, 251 оздравени, шест починати - МИА
Вести

Нови 186 позитивни на коронавирус, 85 оздравени и седум починати лица

Скопје, 17 септември 2020 () – Во изминатите 24 часа се регистрирани 186 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.674  тестирања. Во истиот период регистрирани се и 85 оздравени, но и седум починати лица. Министерството […]

Ѓоргиев: Делчев може да се слави од двете страни, нова средба на комисијата на крајот на месецов - МИА
Вести

Ѓоргиев: Бугарскиот меморандум не е во функција на постигнување успех на заедничката комисија

Скопје, 17 септември 2020 () – Барањата и ставовите на Софија длабоко ги еродираат заложбите за добрососедство, а едностраните и исклучиви оценки може да ја направат беспредметна и работата на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски […]

Во Бугарија, Софија е жариште на епидеммијата - МИА
Вести

Нови услови од Бугарија за преговорите со ЕУ

Скопје, 17 септември 2020 () – На шест страници со долги историски образложенија за „државна антибугарска идеологија“ во Северна Македонија, Бугарија испрати објаснувачки меморандум до земјите членки на ЕУ во пресрет на одлуката за отпочнувањето […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*