Фетел ќе исполнува тимски наредби и покрај разделбата со Ферари


Фетел ќе исполнува тимски наредби и покрај разделбата со Ферари - МИА

Шпилберг, 3 јули 2020 () – Себастијан Фетел изјави пред австриското Гран-при дека неговиот став кон тимските наредби нема да се промени, и покрај претстојната разделба помеѓу него и Ферари на крајот на 2020 година.

Тој и неговиот млад колега, ШарлЛеклер, имаа неколку блиски борби на патеката во 2019 година, па дури и имаше контакт меѓу двајцата за време на Гран-при на Бразил, што доведе до елиминација на двата автомобили.

Битките беа обележани со откажувања од обете страни да го пропуштат противникот, а тоа најочигледно се виде за време на ГН на Русија.

– Мислам дека е многу тешко да се одговори годинава затоа што не знаеме каква сезона ќе имаме. Не знаеме каде ќе бидеме во однос на брзината. Но, дефинитивно, ако ситуацијата бара и има смисла, мислам дека се очекува двајцата пилоти да си помагаат едни на други. Мислам дека тоа нема никаква врска со моето истекување на договорот и напуштањето на тимот. Но, во исто време, нема да го направам животот на Шарл лесен на патеката со тоа што постојано ќего пуштам пред мене. Ние се боревме порано, ќе се бориме и во иднина, рече Фетел за време на прес-конференцијата пред Австриското Гран При.


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*