Фетаи од Работнички во Локомотива Загреб

fetai_556756
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Хрватскиот фудбалски прволигаш Локомотива Загреб денеска официјално го претстави членот на македонската јуниорска репрезентација Фета Фетаи за свое ново засилување за сезоната 2023/24.

Осумнаесетгодишниот Фетаи се пресели во хрватското првенство од редовите на македонскиот прволигаш Работнички.


Фетаи, кој е член на македонската репрезентација до 18 години, изминатата сезона одигра 13 натпревари за Работнички во домашното првенство.

Талентираниот Фетаи ја продолжува низата на млади македонски репрезентативци, кои преку Работнички почнаа интернационална кариера, следејќи го примерот на Лука Станковски, Елиф Елмас, Давид Тошевски, Методи Максимов, Ѓоко Зајков, Столе Димитриевски, Даниел Аврамовски и Дарко Велковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK