Фернандеш повторно бр.1 во Премиер лигата


Фернандеш: Погба и јас сакаме иста работа – ЛШ - МИА

Манчестер, 10 јули 2020 () – Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, се очекува да добие ново признание, откако беше прогласен за играч на месецот по втор пат по ред.


 

Португалецот игра исклучително добро од доаѓањето на „Олд Трафорд“, со 7 голови и 6 асистенции досега, а во јуни постигна 3 гола, освојувајќи ја наградата за бр.1. Натпреварите одиграни на почетокот од март беа земени во предвид при гласањето, па играчот од средниот ред всушност има 4 гола по постигнувањето на голот против Евертон.

Така, Фернандеш е седми што ја примил наградата во последователни месеци, придружувајќи се на Мохамед Салах, Џејми Варди, Хари Кејн, Кристијано Роналдо, Денис Бергкамп и Роби Фаулер.

Синоќа Португалецот доби контроверзен пенал против Астон Вила, но без сомнение неговото влијание врз тимот е огромно.

Негова конкуренција за наградата беа Конор Коди и Раул Хименез (Вулверхемптон), Дани Ингс (Саутхемптон), Антони Марсијал (Манчестер Јунајтед) и Алан Сен-Максимен (Њукасл).