Ферари преговара со Сајнц


Ферари преговара со Сајнц - МИА

Маранело, 13 мај 2020 () – Тимот на Ферари преговара со возачот на Мекларен, Карлос Сајнц, за ​​ангажманот за 2021 година во првенството во Формула 1.

Како што објави денес „Скај“, преговорите напредуваат, иако Сајнц има договор со Мекларен.

Ферари бара возач откако не беше постигнат договор со Себастијан Фетел, кој ќе го напушти италијанскиот тим на крајот на сезоната.

Во 2015 година, Сајнц го направи своето деби во Формула 1 заедно со Макс Верстапен во тимот на Торо Росо.

Тој се пресели во Рено во 2017 година, но минатата сезона беше најуспешна во неговата кариера, кога го зазема шестото место во возачката конкуренција со Мекларен, со место на подиумот на трката во Бразил. Главниот кандидат да го замени Сајнц во Мекларен е Даниел Рикардо, чиј договор со Рено истекува на крајот на годината.

Можно е и двата тима да ги објават своите одлуки до крајот на неделава.

Четирикратниот светски шампион Фетел не откри дополнителни планови, а многумина шпекулираат дека тој би можел да се повлече од Формула 1.


Усвоена одлуката за бројот на попретседатели на Собранието - МИА
Вести

Ратификации на договори и спогодби и едно задолжување денеска пред пратениците

– Покрај измените и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, пратениците денеска на пленарна седница треба да разгледаат четири ратификации на договори и спогодби, едно задолжување и испраќање на војници во […]

Вести

Републиканците поразени во Врховниот суд за клучна одлука за гласање по пошта

– Врховниот суд на САД донесе одлука дека гласачките ливчиња за претседател од Пенсилванија, клучни за шансите на Доналд Трамп да биде реизбран, ќе се сметаат за валидни ако бидат добиени во рок од три […]

Вести

Будно се следи состојбата со коронавирусот во градинките, ќе се носат одлуки заедно со локалните власти

– Од моментот на отворање на градинките на 9 септември, досега има вкупно 18 деца и 55 вработени позитивни на коронавирусот. Во моментот, во изолација се вкупно 309 дечиња и околу 50-тина вработени. Бројот на […]