Европскиот вицешампионот Дејан Георгиевски на прием во Агенцијата за млади и спорт



ript>

По повод освоениот европски сребрен медал во таеквондо, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски денес оствари средба со Дејан Георгиевски.


 

– Особена чест ми претставува што денес, кај нас, во куќата на спортот е Дејан Георгиевски, вицешампион на Европа во таеквондо. Од таа причина, најпрвин би сакал искрено да му честитам првенствено на Дејан, за освоениот сребрен медал, а на челниците на Националната федерација да им се заблагодарам за успешно остварените цели и за сите досегашни резултати, кои овозможија овој спорт да се стави на врвот на спортовите во нашата држава. Нашите очекувања се со сигурност ваша крајна цел, а тоа е остварување на олимписка норма за Токио, изјави Мојсовски.

Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт останува на ставот дека остварувањата се резултат на макотрпна работа не само на спортистите, туку и на целокупниот стручен штаб на чело со федерацијата, кои со своите успеси докажуваат дека поддршката е на вистинска адреса.

– Само бод ме делеше од златото, но понекогаш мал пад на концентрацијата или спортската среќа се пресудни во овој спорт. Искрено се надевам дека претстојните квалификации за ОИ , кои се закажани за Мај 2021 во Софија ќе бидат последен чекор на мојот пат за Токио, истакна Георгиевски.

Претседателот на Таеквондо федерацијата и тренер, Борче Костовски се заблагодари за честитките од АМС и изрази надеж за добра соработка со новиот директор Наумче Мојсовски.