Европската комисија може да забрани употреба на олово во спортот, што го доведува во прашање биатлонот


Европската комисија ја разгледува можноста за целосна забрана за употреба на олово во спортови на отворено. Ова може да има сериозни последици за биатлон, пренесуваат светските медиуми.

 

Европската комисија побарала од Европската агенција за хемикалии да развие и да го проучи прашањето за забрана на еколошки штетни материи во спортовите на отворено, вклучително и оловото. Во моментот, не постои алтернатива на олово за производство на патрони што се користат во биатлон.

 

Норвешката компанија „Намо“ се обиде да најде други опции, но безуспешно. Директорот за комуникации на „Намо“, Андре Лунд, смета дека таквата одлука ќе му стави крај на биатлонот во сегашната форма.

 

Секако, ова го сфаќаме сериозно. На крајот на краиштата, оружјето е важен дел од нашиот спорт и во моментов немаме алтернатива за муницијата. Забраната за употреба на олово на спортски настани може да стапи во сила од 2022 година.

Вести

Нема „Бадентер“ за измени на Законот за употреба на јазиците

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавува амандмани за Законот за употреба на јазиците, но кај партиите од албанскиот блок не постои расположение за поддршка, а нивниот глас е важен, бидејќи за усвојување е потребно Бадентерово мнозинство. Претседателот на […]

Вести

Ветингот на „стенд бај“ до изборите

Дебатата за ветинг, како и започнувањето на процесот не може да се заврши пред изборите, рече министерката за правда Рената Дескоска, образложувајќи дека за да се почне процес на ветинг во правосудството потребно е двотретинско […]

Вести

По 100 години Германија воведува воени рабини

Германската влада денеска донесе одлука да  врати рабини во воена служба по повеќе од 100 години, како што беше предложено претходно од централниот Совет на Евреите. „Денеска ние дадовме важен пример на нашите еврејски војници“, […]