Еспинос: Карате светот обединет околу исти цели


Еспинос: Карате светот обединет околу исти цели - МИА

Скопје, 29 мај 2020 () – Изминативе три дена беше организирана видео конференцијата на претседателот на Светската карате федерација (WKF) Антонио Еспинос со претседателите на националните карате федерации од целиот свет.

– Состаноците преку видео конференција што ги имавме во текот на изминатите три дена беа многу плодни и многу помогнаа да нè соберат и уште повеќе да не обединат во услови на глобалната криза. Имавме можност од прва рака да дознаеме за состојбата на нашиот спорт ширум светот и сакам да им се заблагодарам на сите делегати кои присуствуваа на видео состаноците, за нивната соработка, како и за нивните повратни информации. Можеме да потврдиме дека карате светот е обединет околу истите вредности и цели. Кога работиме заедно, секогаш можеме да постигнеме уште повеќе успеси, истакна Еспинос.

Потребата од ваква комуникација се наметна во услови на глобална криза и откажување на сите натпреварувања во спортот предизвикани од пандемијата од корона вирусот, пред се Олимписките игри во Токио кои се пролонгирани за 2021 година и сите настани на континентално и светско ниво.

На последниот од состаноците со членките на WKF од Европа учествуваа 24 национални федерации од европски земји, меѓу кои и Карате федерацијата на Македонија.

Претстојниот календар на натпревари до крајот на тековната и за 2021 година ќе биде модифициран според условите и можностите за негова реализација. Во топ приоритетите најважни се Олимписките игри во Токио, кои се одложени за 2021 година, потоа квалификациите за обезбедување норма за Токио, европското првенство во Гетеборг и Премиер лигата во Рабат следната година.


Вести

Со маска, средство за дезинфекција и дистанца, ДИК со герила акција во Скопје повика на безбедно гласање!

Караванот на Државната изборна комисија денеска беше во скопските општини Сарај, Шуто Оризари, Чаир и на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје со нивната герила акција. ДИК повика на безбедно гласање со делење на едукативните […]

Вести

Нови 163 случаи со Ковид-19, осум починати, 230 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, […]

Филипче: Имаме протоколи и доволно заштитна опрема за спроведување на изборите - МИА
Вести

ДИК ги повикува учесниците на изборите да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето на граѓаните

Скопје, 8 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги повика сите вклучени во изборниот процес да ги почитуваат здравствените мерки, упатствата и протоколите за предвремените парламентарни избори на 15 јули. – Само […]