Еспинос: Карате светот обединет околу исти цели


Еспинос: Карате светот обединет околу исти цели - МИА

Скопје, 29 мај 2020 () – Изминативе три дена беше организирана видео конференцијата на претседателот на Светската карате федерација (WKF) Антонио Еспинос со претседателите на националните карате федерации од целиот свет.

– Состаноците преку видео конференција што ги имавме во текот на изминатите три дена беа многу плодни и многу помогнаа да нè соберат и уште повеќе да не обединат во услови на глобалната криза. Имавме можност од прва рака да дознаеме за состојбата на нашиот спорт ширум светот и сакам да им се заблагодарам на сите делегати кои присуствуваа на видео состаноците, за нивната соработка, како и за нивните повратни информации. Можеме да потврдиме дека карате светот е обединет околу истите вредности и цели. Кога работиме заедно, секогаш можеме да постигнеме уште повеќе успеси, истакна Еспинос.

Потребата од ваква комуникација се наметна во услови на глобална криза и откажување на сите натпреварувања во спортот предизвикани од пандемијата од корона вирусот, пред се Олимписките игри во Токио кои се пролонгирани за 2021 година и сите настани на континентално и светско ниво.

На последниот од состаноците со членките на WKF од Европа учествуваа 24 национални федерации од европски земји, меѓу кои и Карате федерацијата на Македонија.

Претстојниот календар на натпревари до крајот на тековната и за 2021 година ќе биде модифициран според условите и можностите за негова реализација. Во топ приоритетите најважни се Олимписките игри во Токио, кои се одложени за 2021 година, потоа квалификациите за обезбедување норма за Токио, европското првенство во Гетеборг и Премиер лигата во Рабат следната година.


ИЗБОРИ 2020: МИА ќе ги претстави програмите на учесниците на Предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

ДИК со измени на Упатството за набљудување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) на денешното продолжение на вчера започната седница, донесе одлука за усвојување на изменето Упатство за набљудување на изборите, а беа избрани и неколку членови на Општински изборни комисии кои поради одредени […]

Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19 - МИА
Вести

Повеќе оздравени од дијагностицирани вчера, обновен сообраќајот на двата аеродрома

Скопје, 2 јули 2020 () – Нови 120 потврдени со КОВИД-19 од 954 тестирања, од кои над половината (64) се од Скопје, а 14 од Тетово. Останатите заразени со вирусот од вчерашниот билтен на Министерството […]

Втор ден кампања, партиите на средби со граѓани со почитување на мерките на заштита - МИА
Вести

Вкупно 1.814.263 граѓани имаат право на глас, партиските ветувања и препукувања со засилено темпо

Скопје, 2 јули 2020 () – Вкупно 1.814.263 граѓани имаат право да гласаат на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 15 јули. Државната изборна комисија (ДИК) вчера го заклучи Избирачкиот список. Во меѓувреме, кампањата продолжува […]