Египетскиот дедо, конечно, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар фудбалер




Езелдин Бахадер, конечно, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар професионален фудбалер, откако корона вирусот го оддолжи поставувањето на рекордот.

74-годишниот Бадахер почна со обидот да стане најстар фудбалер, но по прекинувањето на фудбалот во Египет, мораше да почека до саботата, кога настапи за својот клуб, третолигашот 6. Октомври против Ел Ајат и ги исполни условите на Гинисовата книга на рекорди – да го одигра вториот натпревар, откако првиот го одигра уште во март.

Тој утна пенал при 3:2 поразот, но беше задоволен од рекордот.

„Сонувам да го срушам рекордот уште еднаш и да го направам уште потежок за рушење“, вели Бахадер, кој го менува 73-годишниот Израеец Исак Хајик од првото место.

Египет исто така го има рекордот за најстар фудбалер на едно Светско првенство, откако голманот Есам Ел Хадари го сруши рекордот на Колумбиецот Фарид Мондграгон, откако играше на СП во Русија за „фараоните“ на 45 години.