Џордан доби дозвола да го продаде Шарлот

majkl_dzordan_34243243
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Мајкл Џордан доби дозвола од Управниот одбор на НБА лигата да го продаде Шарлот.

Продажбата беше договорена уште на 16 мај, но се чекаше на „зелено светло“ од раководството на НБА лигата, кое изгласа дозвола Џордан својот мнозински удел во Шарлот да го продаде на групацијата предводена од бизнисмените Рик Шнал и Гејб Плоткин.


Се очекува продажбата да биде комплетирана во следните неколку недели.

Џордан стана сопственик на НБА лигашот Шарлот во 2010 година.

Се проценува дека вредноста на трансакцијата изнесува околу три милијарди долари, а Џордан ќе задржи малцински удел во сопственоста на клубот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK