Foto/ EPA
Фудбалерите на Алмерија и Џирона ремизираа без голови во 20. коло од шпанската Ла Лига.
Џирона е најголемото изненадување во Шпанија оваа сезона, во дуелот со „фенрџијата“ влезе од првата позицја, но не успеа да победа. Според она што се случуваше на теренот, Алмерија заслужи, но не успеа, да дојде до првата победа во сезоната.
Само во првиот дел Алмерија имаше осум удари кон голот на Газанига, а до крајот на мечот односот на ударите беше 20:5 за домашниот тим.
Алемрија, во финишот, не успеа да ја искористи и предноста од играч повеќе. Во 79.минута црвен каротн доби Алеиш Гарсија. Играчот на Џирона направи прекршок врз Рамазани кога овој беше во изгледна шанса.
Џирона е лидер на табелата со 49 бодови, еден повече и натпревар повеќе од Реал, додека Алмерија со шест бода е закована за последната позиција.