Двајца уапсени на ракометниот натпревар помеѓу „Вардар“ и „Еурофарм Пелистер“, едниот е државјанин на Словенија

rakomet-topka.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две лица се уапсени на вчерашниот ракометен натпревар помеѓу РК „Вардар“ и РК „Еурофарм Пелистер“ во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.


Според информациите од полицијата, едниот од приведените е Д.Т.(30) од Р.Словенија, а вториот е С.А.(22) од Скопје.

Двајцата биле приведени поради сторен прекршок по Закон за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, објави МВР во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа Еурофарм Пелистер со 24-20 во големото македонско дерби кое се одигра во рамки на 8 коло од плеј-оф фазата во Супер лигата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK