Двајца играчи на Бенфика повредени при напад врз клупскиот автобус (видео)


Двајца играчи на Бенфика повредени при напад врз клупскиот автобус (видео) - МИА

Лисабон, 5 јуни 2020 () – Автобусот со играчите на Бенфика беше нападнат со камења по првиот натпревар од обновениот шампионат на Португалија, објави прес-службата на клубот на својата официјална веб-страница. Двајца фудбалери се повредени.

Несреќата се случила кога автобусот се движел од стадионот „Естадио да Луж“ до центарот за тренинг.

Играчите од средниот ред Јулијан Вајгл и Андрија Живковиќ се повредени од стакло и веднаш биле однесени во болница.

Бенфика гарантира целосна соработка со властите и ги повика да вложат максимални напори за пронаоѓање на хулиганите.

Во меч од 25 коло, Бенфика ја пречека Тондела, а натпреварот заврши без погодок. Бенфика го предводи пласманот во португалскиот шампионат со 60 бода.

Порто има ист број на бодови.


Вести

Во експлозијата во Бејрут загинаа најмалку 78 луѓе, а околу 4.000 се повредени

Бејрут, 5 август 2020 () – Најмалку 78 лица загинаа, а околу 4.000 се повредени во  експлозијата што вчера се случи во пристаништето во центарот на Бејрут, соопштија либанските власти. Тој дел од градот е […]

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид - МИА
Вести

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид

Скопје, 5 август 2020 () – Нови 75 случаи позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 830 тестирања. Во претходното деноноќие беа регистрирани и пет смртни случаи, а оздравени 136 пациенти. Во земјата досега […]

ОС Велес му одреди 30 дена притвор на Владмир Панчевски - МИА
Вести

Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

Велес, 4 август 2020 И) – Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години […]